Партијата ГЕРБ на долгогодишниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на неделните парламентарни избори, покажуваат излезните накети, но Борисов според сѐ судејќи го очекуваат тепки коалициски преговори за да си обезбеди уште еден четиригодишен мандат на чело на најсиромашната земја членка на Европската унија.
Излезните анкети покажуваат дека партијата на Борсов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе биде најзастапената партија во парламентот со освоени 25,7 отсто од гласовите, што покажува голем пад на довербата кај избирачите, бидејќи пред четири години неговата партија победи со 33,5 отсто од гласовите.
Според анкетата која ја спрвела агенцијата „ Alpha Research“, опозициската Бугарска социјалстичка партија (БСП) освоила 17,6 отсто од гласовите, додека партијата „Има таков народ“ водена од познатото медиумско лице Слави Трифонов освоила висои 15,2 отсто од гласовите. Тој со кампањата која ја базираше на концерти изненади, но претходно ја отфрли можноста да коалицира и со ГЕРБ и со БСП.
Следат партијата на турското малцинство Движење за права и слободи со 11 отсто, за која се гласа и од Турција, па Демократска партија со 10,4 отсто, „Исправи се! Мафијата надвор“ со 4,2 отсто и ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 4 отсто од гласовите, која е на клацкалката дали ќе го мине изборниот праг.
На изборите учествуваа 22 партии, осум коалиции, како и независни кандидати, или севкупно 6.985 претенденти за место во Националното собрание во Софија.
Според овие податоци, по повеќе од децениска доминации во бугарската политика, Борисов има малку природни коалициски партнери во силно фрагментираниот парламент, а повеќето од застапените партии во кампањата ја отфрлаа директната соработка со ГЕРБ.
Поради тоа не се исклучуваат долго и тешки преговори, па дури и организарање повторени избори, што значи дека Бугарија може да дојде во ситуација да има тешкотии во излекувањето на парите од Фондот за закрепнување на ЕУ во вкупен износ од 750 милијарди евра чија цел е помош за националните стопанства во Унијата погодени од пандемијата на коронавируот.
Шеесет иедногодишниот Борисов, поранешен пожарникар и телохранител, се обиде во кампањата да ги претстави своите успеси во модернизација на бугарската инфраструктура во притаена кампања по неколкумесечните масовни собири против корупција кои започнаа минатото лето со кои се бараше оставка од неговата влада.