Десноцентирстичката партијата Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ), на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на неделните предвремени парламентарни избори со 24,6 до 25,5 отсто според излезните анкети на агенциите Gallup International и Alpha Research.
Партијата Продолжуваме со промените (ПП) на досегашниот реформистички премиер Кирил Петков, чијашто коалиција беше соборена во јуни, би требало да добие 18,9 односно 19,9 отсто од гласовите, на предвремените избори четврти за помалку од две години.
На третата позиција е Движењето за права и слободи (ДПС) на турското и муслиманското малцинство со 14,8 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 10,9 отсто, а Возраѓање следи со 10,1 отсто, според Gallup International. Следува Демократска Бугарија (ДБ) со 7,4 отсто.
Според прогнозата на Gallup International, во новиот бугарски парламент е има најмалку седум партии, бидејќи Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, освојува 4,6 отсто, а на границата од исполнување на цензусот од 4 отсто, Бугарски подем (БП) за влез во 48-от состав на Народното собрание.
Како и минатата година, се очекува дека 63-годишниот Бојко Борисов, кој вети дека ќе донесе стабилност и ќе биде „посилен од хаосот“, ќе има проблеми да најде коалициски партнери меѓу главните ривали кои го обвинуваат дека дозволил јакнење на корупцијата во текот на неговото десетгодишно владеење кое заврши 2021 година.
Доколку не успее да формира функционална влада, се очекува продолжување на политичката нестабилност и тоа би ги зголемило шансите Бугарија да го пропушти целениот датум за влегување на земјата во еврозоната во 2024 година.