Германците еднаш годишно ќе можат да го менуваат полот

Од средината на 2023 година, сите граѓани постари од 14 години ќе можат да го променат полот и името со одење во матичар. Министерот за правда Марко Бушман и министерката за семејство Лиза Паус го претставија нацртот на новиот закон, објави Анадолија.

Во моментов во Германија, секој што сака да го промени полот во своите документи мора да помине низ долга процедура заснована на важечките закони од 1980 година, која вклучува два психијатриски теста.

Според новиот закон, секој граѓанин од 14 години може да оди во матичар и да го промени полот на едноставен начин, без операција.

Интересно е што законот не предвидува само една промена, туку им овозможува на граѓаните да го менуваат полот неколку пати, по еднаш годишно.