Германците може да останат без чоколада поради недостаток од руски гас

Кондиторската индустрија во Германија стравува од загуби во производството доколку прекинат испораките на рускиот гас, пишува Spiegel.

Според претседателот на Сојузната асоцијација на германската кондиторска индустрија Бастијан Фасен, ситуацијата со заканата од запирање со енергенси од Русија може да доведе до целосно исчезнување на оваа индустрија во земјата.

„Прекините во снабдувањето со гас може да додведе до целосно запирање на производството на кондиторски приозводи. Во повеќе германски компании, гасот е најважниот извор на енергија“, појаснува Фасен истакнувајќи дека чоколадата и кексите се „исклучително важни за снабдувањето на населението“.

Вели и дека во Германија последниот период значително се зголемени цените на земјоделските суровини, како пченицата, сончогледовото масло и јаткастите плодови.

„Поскапеа и млекото, шеќерот, јајцата и палминото масло. Зголемувањето на цените ги погоди компаниите во сите области“, додава Фасен истакнувајќи дека е дистигната границата на оптоваеување на индустријата.