Германците во изминатата 2021 година дополнително ги зголемиле своите заштеди, така што нивното богатство пораснало на рекордни 7,7 билиони евра, соопштија во неделата банкарски извори.
„Главните причини за зголемуањето на паричниот сопственост на граѓаните на Германија е повторно рекордното штедење“, вели Микаел Штапел, економист во банкатата „DZ Bank“, главна во Федералната асоцијација на сите „Volksbanken“ и „Raiffeisenbanken“ во Германија.
Вели дека стапката на штедење во изминатата година, иако се намалила во однос на 2020 година, изнесувала сѐ уште високи 15 отсто. Тоа значи дека граѓаните на Германија на секои 100 евра кои им стоеле на располагање, заштедиле 15 евра.
Во рекордната сума од 7,7 билиони евра се вбројуваат и класичните парични штедења, хартиите од вредност, како и побарувањата од осигурување.
Рекордниот бран штедење започнал во 2020 година со појавата на првите знаци на пандемијата на коронавирусот. Таа година стапката на штедење со 16,1 отсто биле уште повисока. Минатата 2021 година трендот на штедење попуштил во текот на летните месеци кога се чинеше дека пандемијата завршува.
„Потрошувачкото расположение, меѓутоа, спласна есента со првите сигнали за нов пандемиски бран и мерките на затворања“, додава Штапел
Растот и на паричната сопственост се објаснува и со поголемата подготвеност на Германците да вложуваат во хартии од вредност.
„Имајќи ги предвид ниските, па дури и негативни камати на заштедите, повеќе граѓани минатата година се осмелиле на вложувања во акции“, заклучува Штапел.