Германците очекуваат влошување на економијата

Половина од Германците очекуваат дека во наредните години состојбата во економијата ќе се влоши, покажа истражувањето кое го нарачаа телевизиските станици „RTL“ и „n-tv“. Само 14 проценти од Германците очекуваат економијата да закрепне во следните неколку години, додека 34 посто веруваат дека состојбата ќе остане непроменета, покажува истражувањето.
Истражувањето укажува на значителни разлики помеѓу одредени германски сојузни држави, а најопстимисти се жителите на Саксонија и Тирингија. Во Саксонија подобрување очекуваат 30 проценти од анкетираните, а 26 отсто очекуваат пад на економијата. Во Тирингија за раст на економијата се изјасниле 29 проценти.
Во останатиот дел од Германија испитаниците покажале помал оптимизам. Во Сарланд дури 64 проценти очекуваат влошување на економијата, а слично расположение се бележи и во остатокот на земјата.

Истражувањето е спроведено помеѓу 25 јуни и 11 јули, на примерок од 500 испитаници од секоја сојузна држава, освен во Бремен кој не е опфатен во истражувањето.