Мнозинството Германци ја поддржуваат идејата за испражање меѓународни „мировни сили“ во Украина во случај на прекин на огнот, но без учество на германската армија, според анкетата објавена во четвртокот.
Истражувањето на институтот YouGov за агенцијата dpa покажа дека 56 отсто од испитаниците го поддржуваат испраќањето сили.
Но, поддршката за учество на германски војници во таква мисија е многу помала – се согласуваат само 23 отсто од Германците.
Од овој процент, 33 отсто од нив се против учеството на германските сили, а 19 отсто се целосно против каква било меѓународна мисија во Украина.
Една четвртина од испитаниците немаат мислење за темата.
Истражувањето било спроведено на интернет во периодот од 20-ти до 23-ти декември и опфатило 2.194 луѓе од сите делови на Германија.
Врвот на НАТО разгледува опции како би се постигнало примирје меѓу Украина и Русија, иако нема знаци дека војната наскоро ќе заврши.
Германскиот канцелар Олаф Шолц затоа одби да разговара за мировните сили.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус беше на слични позиции во интервју за медиумската група Funke пред Божик. Писториус рече дека оваа дискусија ќе се одржи само кога ќе се постигнат условите за примирје, но додаде дека Германија како најголема европска членка на НАТО мора да биде дел од евентуалната мисија.