
Се чини дека многу Германци не се заинтересирано за новата прилагодена вакцина против Covid-19 којашто се очекува да биде достапна следните месеци, покажува истражувањето коешто го нарачала агенцијата DPA, а го спровел YouGov.
На прашањето дали планираа да примат нова доза од прилагодената за „омикрон“ сојот на коронавирусот, 34 отсто од испитаниците одговориле со „не“, а 22 отсто одговориле „можеби“.
Вкупно 38 отсто од испитаниците одговориле потврдно, додека 6 отсто рекле дека „не знаат“.
Во петокот германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека очекува дека европскиот регулатор од први септември ќе ја одобри вакцината за подваријантата на омикрон сојот BA.1, а на 27-ми септември за подваријантата BA.5.
„Владата ги набави двете вакцини во доволни количества“, додаде Лаутербах.