Поедини делови од Германија поради екстремните временски прилики последните години повеќе нема да бидат погодни за населување со луѓе, оцени Ралф Тислер, директор на Сојузното биро за цивилна заштита и помош при катастрофи.
„Како лице на врвот на бирото за заштита на граѓаните и борба против катастрофите, морам да кажам дека поедини површини поради промените на климата и акутните опасности од природни катастрофи, повеќе нема да бидат погодни за живеење, рече Тислер во средата вечерта во пресрет на претставувањето на годишниот извештај за цивилната заштита.
Конкретно предупреди на брегот на реката Ар која пред една година во западна Германија предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 180 луѓе.
Тислер рече и дека ниту одредени области на германскиот брег на Северното Море не повеќе не се сигурни за населување. Според него „сега е крајно време за утврдување на концептот во борбата против ефектите од климатските промени“.
На заедничката прес-конференција со министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, Тислер побара посилно вклучување на граѓаните во процесот на цивилната заштита, особено во однос на претстојната зима и можните прекини во снабдувањето со гас.
„Ние се подготвуваме за тешка зима со недостиг од гас и нов бран на коронавирусот и би ме радувало кога сите би размислиле што можеме самите да сториме за подобро да се подготвиме за кризите“, рече Тислер.
Додаде дека притоа мисли на создавањето резерви од продукти, како и за размислување за алтернативни извори на енергијата.