На луѓето им се препорачува да имаат дома залиха од храна за најмалку десет , како и вода за пет денови, по два литри дневно за секој човек во семејството.
Ваквата сугестија се дава со образложение дека во случај на некоја поголема национална катастрофа би можело да дојде до блокирање на работата на службите за вонредни ситуации кои во такви услови не би можеле брзо да им помогнат на луѓето.
Според „Франкфунтер Алгемајне Цајтунг „ владата во Берлин има изработено целосно нов концепт за цивилна заштита.
Во него се сугерира дека е малку веројатен напад врз германската територија кој би барал конвенционална одбрана од страна на државата, но дека тоа не значи оти треба да се отфрлат и мерките за цивилна заштита, за кои се смета дека на Германија и се неопходни.
Министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер изјави дека земјата мора да биде подготвена од потенцијалната закана-водата и храната да бидат загадени, или за можноста да дојде до нарушување во испораката на гас и нафта.
Ова е прв пат по завршувањето на „Студената војна„ германската влада да сугерира создавање неопхдни залихи од храна и вода.
Програмата за цивилна заштита ќе се најде утре пред пратениците на германскиот Бундестаг (Парламентот) но неколку партии од опозицијата веќе ја критикуваат владата во Берлин.
Според нивното мислење, новиот концепт на цивилна заштита претставува пример за „паничарење„ што е сосема непотребно и може да има спротивен ефект.
Состојбите во цивилната заштита во земјата не е разгледувана уште од 1995 година.
Во Германија постојат околу две илјади јавни бункери и засолништа, уште од времето на постоењето на Западна Германија.
Во источниот дел од земјата, каде функционираше Германската демократска држава (ГДР) постои посебен систем на мрежа од вакви бункери.
Специјален нуклеарен бункер е изграден во близината на Бон, кој беше главен град на државата пред повторното обединување на Германија.
Германските медиуми забележуваат дека земјата се уште чува залихи од јајца во прав и грав и грашак, на тајна локација, за потребите од националната безбедност, како и дека тие редовно се проверуваат и обновуваат.