Повеќето Германци сметаат дека ерата на канцеларката Ангела Меркел е на залезот и оти е потребна кадровско обновување во врвот на владејачката демохристијанска Унија CDU/CSU, покажува истражувањето „Германски тренд“ на јавниот сервис ARD и дневниот весник Die Welt објавено во петокот.
Повеќе од две третини од испитаниците, или 67 отсто, сметаат дека најдобрите денови на канцеларката Ангела Меркел се зад неа, се истакнува во истражувањето на јавното мнение што го спровел институтот DImap.
Меѓутоа, истовремено 65 отсто од испитаниците резултатот на Ангела Меркел на канцеларската должност го оценуваат како позитивен и претседателката на Христијанско-демократската унија (CDU) ја сметаат за „добра канцеларка“,
На листата на популарноста води актуелниот вицеканцелар и актуелен министер за надворешни работи Зигмар Габриела, од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) зад кој следи претседателот на партијата Зелени, Чем Ездемир. Ангела Меркел се наоѓа на третото место.
Поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен челник на SPD, Мартин Шулц драстично загубил на својата популарност во споредба со минатиот месец. За него 30 отсто од испитаниците заклучиле дека „добро ја врши својата работа“, што е 9 отсто помалку отколку пред еден месец.
Кога станува збор за партиите, Унијата CDU/CSU и натаму со 33 отсто останува најсилната политичка формација во земјата, зад која следи SPD со 21 отсто. Евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), исто така, и натаму иако најмлада е трета политичка сила и благо го поправила својот рејтинг во споредба со парламентарните избори од крајот на септември и сега има 13 отсто поддршка, покажува истата анкета.