Германец побарал помош од полицијата да го најде ранецот со дрога

Откако го заборавил ранецот на железничка станица во Германија, 22-годишник ја повикал полиција на помош, но заборавил да спомене дека во него има дрога.

Полицијата стапила во контакт со железничкиот оператор „Deutsche Bahn“, чии работници го пронашле ранецот на станицата во Браунпвајг и го информирала сопственикот дека може да си го земе.

Во меѓувреме полицијата ја запленила марихуаната и лименката со амфетамини кои ги пронашла во ранецот.

Младиот Германец дошол по својот ранец, но добивајќи притоа и обвинение за поседување нелегални дроги.