![Boris Pistorius](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/Boris-Pistorius.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги уверуваше во средата сојузниците во НАТО во балтичките држави дека може да се потпрат на Германија кога станува од одврќањето од наводен напад од Русија.
„Германија на презема одговорноста. И Германија ја презема водечката улога“, рече Пситориусо на безбедната конференција во естонската престолнина Талин.
Писториус, исто така, ѝ гарантираше на состонокот на Укриан долгорочна поддршка во справувањето со руските трупи.
„Ќе стоиме на нивната (украинската) страна, колку и да биде потребно“, тврдеше германскиот министер за одбрана.
Писториус предупреди на „страшни последици“, доколку рускиот претедател Владимир Путин успее во своите намери.
„Путин користи презрени, слосторнички и нехумани методи“, рече Германецот.
Германскиот министер за одбрана ги повтори плановите за стационирање на бригада на Бундесверот во Литванија. Плановите предвидуваат 4.000 припадници и припаднички на германската армија, како и нивните семејства, да бидат постојано стационирани во оваа земја.
Литванија, како и другите две балтички сосетки имаат историски непријателски односи кон Русија и имале сојузнички групации на нацистичка Германија во Втората светска војна. Покрај тоа, овие земји имаат и значајни руски заедници на своите територии на кои не им ги признаваат малцинските права.
Деталите за оваа операција ќе бидат разработени до крајот на годината.
„Ќе сместиме германски војници и жени во Литванија штом ќе биде воспоставена потребната инфраструктура“, рече Писториус.