Германија ѝ ја скрати државната поддршка на партијата Татковина

На партијата Die Heimat (Татковина), која е означена како екстремно десничарска, ѝ се откажува државната финансиска поддршка на шест години, а донациите за оваа партија повеќе нема да се одбиваат од даночната основа, пресуди во вторникот Уставниот суд во Карлсруе.

„Оваа партија ја премина границата на само отфрлање на уставниот поредок на Германија, туку против овоој поредок активно и се бори, стои во образложението на Уставниот суд.

Партијата Die Heimat е првата партија на којашто ѝ е ускратена можноста за државно финансирање, а во исто време се укинати поволностите за донаторите на оваа партија.

Станува збор за поранешната Национал-демократска партија на Германија (NPD), против која беше воден процес за забрана пред Уставниот суд, кој беше отфрлен во 2017 година со образложение дека се работи за партија која додуша постапува неуставно, но е премала за да може навистина да го загрозат уставниот поредок.

Во исто време, Уставниот суд заклучи дека партијата не треба да се забранува, туку им остави на законодавците можност да воведат закон со кој ќе се овозможи на NPD, која се нарекува Die Heimat од 2023 година, да ѝ е се ускрати финансирањето.

Во 2019 година, Долниот дом на Бундестагот, Горниот дом на Бундесратот и владата поднесоа судска пријава за одземање на финансирањето на партијата откако беше променет германскиот Основен закон за да се спречи радикалните партии да добиваат државно финансирање на кое имаат право сите други партии.

По откажувањето на финансиите на партијата Die Heimat, во неолибералистичката јавност преку мејнстрим медиумите сега се заговара за можната примена на овој закон за евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто се означува како екстремно десничарската, и чиишто делови, поради наводно докажани антиуставни активности, се под надзор на германската тајна служба, односно Управата за заштита на уставниот поредок (BfK).

Пресудата внимателно се следи додека политичарите од етаблиранинте партии се справуваат со тоа како да одговорат на порастот на поддршката за AfD, која моментално е втора најпопуларна во повеќето анкети, со околу 22 до 25 отсто, а со дури 40 отсто поддршка на истокот на Германија. Нејзиниот рејтинг, имено, во моментов е речиси ист со поддршката што севкупно ја уживаат партиите од владејачката коалиција – социјалдемократите, зелените и либерал-демократите. Таквите политичари предложија можна забрана на AfD, укинување на нејзиното финансирање или лишување од права на некои поединци во партијата да не можат да бидат избрани.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја поздрави пресудата на Уставниот суд. „Денешната пресуда испраќа јасна порака: демократската држава не ги финансира непријателите на уставот“, рече Фезер.

„Одлуката доаѓа во време кога десничарскиот екстремизам е најголемата екстремистичка закана за нашата демократија. Преземаме одлучни мерки против сите оние кои подготвуваат терен за насилство од десничарските екстремисти“, вели министерката во писмената изјава.

Извештајот дека некои членови на AfD разговарале за политиките кои вклучуваат масовни депортации на луѓе од странско потекло кои немаат право на престој во Германијаа на состанокот на десничарските радикали за кој не е пружен никаков доказ, одржан ланскиот ноември, стотици илјади луѓе да излезат на улиците низ Германија во знак на протест.

На споменатиот состанок присуствувал и претставник на најголемата опозициска партија Христијанско-демократската унија (CDU, која во моментов е водечка според поддршката но која бележи континуиран одлив на гласачите во полза на AfD, меѓутоа на овој податок во германската јавноста не се споменува.

AfD во меѓувреме го исклучи од членството помошникот на потпретседателката на партијата Алис Вајдел, Роланд Хартвиг, кој присуствувал на состанокот. Од AfD соопштија и дека плановите за „ремиграција“ не се партиска политика, но партијата веќе е класифицирана како крајно десничарска во три источни сојузни покраини каде што инаку има големо влијание и поддршка.