Повеќе од сто луѓе кои работат за парламентарната група на суверенистичката и противдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) или за членови на парламентот на AfD се дел од организации класифицирани како десничарски и екстремистички, според медиумски извештај во најновиот удар на оваа крајно десна партија чија популарност континуирано расте веќе цела година предизвикувајќи стравувања кај етаблираните партии.
Во извештајот објавен во вторникот, регионалниот баварски јавен медиумски сервис Bayerischer Rundfunk (BR) се потпирал на наводни „внатрешни списоци со имиња“ од Бундестагот и именици на вработени од парламентарната група на AfD за да ги изнесе тврдењата.
Пратеничката група на AfD категорично ижестоко го отфрли извештајот.
Баварскиот јавен сервис тврди дека меѓу вработените има лица поименично спомнати во разузнавачките извештаи, кои имаат водечки позиции во организациите што ги следат тие служби и кои се појавиле како говорници во Институтот за државна политика (IFS) во источниот град Шнелрод, кој се смета за десничарски и екстремистички.
Според овој извештај, голем број од над 100-те вработени во прашање се членови на младинската организација на AfD, Младинска алтернатива (ЈА), која е класифицирана како десничарска и екстремистичка.
Според извештајот на Bayerischer Rundfunk, вкупно повеќе од 500 луѓе работат за пратеничката група на AfD или нејзините парламентарни претставници. Претеничката група на AfD брои 78 претставници во Бундестагот.
Разузнавачките служби ги класифицираа и AFD и нејзината младинска организација како групи со сомнителни десничарски и екстремистички ориентации. Ваквата оценка на службите ја потврди и судот во Келн, а партијата подоцна поднесе жалба. Во вторникот, Вишиот управен суд на Северна Рајна-Вестфалија ја започна жалбената постапка за случајот.
Главното политичко прашање на AfD е тврдокорниот антиимиграциски став, а партијата профитира од зголемената загриженост на многу германски гласачи за зголемениот број баратели на азил во земјата.
Подемот на AfD во анкетите во текот на изминатата година предизвика вознемиреност меѓу етаблираните партии во Германија и доведе до жестока социјална дебата. AfD повеќе од година е втората партија според довербата меѓу Германците, со речиси ист рејтинг колку што имаат вкупно трите партии од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц. Во водство се демохристијаните, кои сепак чувствуваат одлив на гласачите во полза на AfD.
Поради ваквиот подем на AfD, паријата е под жесток протисок од државните инстуции, судовите и безбедносните агенции кои нејзините ограници ги ставаат на листите екстремистички групи подложни на целосно следење. Истовремено, со помош на мејнстрим медиумите последните месеци сѐ почесто се организираат протестите против крајната десница, насочени во прв ред против AfD, a некои политичари и медиуми дури заговараат забрана на нејзиното дејствување.