Германија две нуклеарки до пролетта ќе ги држи во резерва

Германија останува на својот план за гаснење на преостанатите нуклеарни централи до крајот на годината, но спротивно на досегашните планови, две централи ќе остави во резерва доколку биде потребно повторно да бидат приклучени на мрежата, соопшти во понеделникот германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек, од Зелените помалиот коалициски партнер во владата.

„Сегашните испитувања за можноста од енергетски колапс не укажуваат на акутна опасност оваа зима, но ниту ја исклучуваат. Затоа се решивме за оваа зима да воведеме временски ограничена резерва на атомските централи Исар 2 и Некервестхајм“, изјави Хабек.

Двете централи би требало да останат во резерва до април следната година, за да можат да бидат приклучени на мрежата доколку дојде до криза во јужногерманската мрежа. Хабек истовремено истакна дека останува на одлуката за гаснење на преостанатите три нуклеарни централи до крајот на годината.

„Ние ќе се придржуваме на одлуката за откажување од атомската енергија до крајот на годината, како што тоа е дефинирано со законот. Атомската енергија е и останува опасна технологија, а атомскиот отпад ќе оптоварува цели поколенија“, заклучи Хабек исклучувајќи ја можноста од нарачки на ново нуклеарно гориво.

Германските организации за заштита на природната средина веќе ја критикуваа ваквата одлука на владата во Берлин.

„Одлуката на германската влада да ја укине макотрпно остварената одлука за откажување од нуклеарната енергија до крајот на годината е фатална и отвора врата за продолжување на животниот век на застарените и опасни реактори“, се наведува во соопштението на здружението Германска заштита на околината (DUH).

Германската опозиција, но и делови до социјалдемократско-зелено-либералната влада бараат привремено замрзнување на одлуката за откажување од нуклеарната енергија. Германија асреде енергетска криза предизвикана со западните санкции за Русија по почетокот на војната во Германија, беше критикувана и од некои партнери во ЕУ поради истрајноста на откажувањето од нуклеарнаа енергија.