Германската влада, соочена со недостигот од стручна работна сили, по минатонеделното преставување на нацрт-законот со кој би требало да се олесни стекнувањето германско државјанство и според кој впишувањето во државјанството, сака да воведе систем на доселување кој ќе почива на бодување, по примерот на доселеничките земји Канада и Австралија, пренесуваат во вторникот германските медиуми.
„Сојузната влада планира воведување на систем бодување за доселување во Германија, а се со цел на ублажувањето на недостигот од стручна работна сила“, се наведува во нацрт-реформите на доселувањето кој би требало да биде претставен на редовната седница на владата во среда.
Со новиот закон на лицата од земјите надвор од Европската унија со „добри потенцијали“ би требало да им биде овозможено доселување во Германија со цел да бидат вработени.
„Врз основа на транспарентниот и небирокатскиот систем, кој е заснован на принципот на бодување, ќе овозможиме доселување со цел да се бараат работни места во Германија“, се наведува во документот насловен „Основи за доселување од земјите надвор од Европската унија“.
Како услови за собирање на бодовите се наведени професионалните квалификации, познавањето на јазикот, работното искуство, поврзаноста со Германија и возраста.
Единствено дејствено сценарио е засиленото доселување
„На Германија во сите сектори ѝ недостига стручна работна сила. Затоа мораме да ги искористиме сите потенцијали, како во странство, така и во Германија“, се додава во документот кој ќе им биде претставен на членовите на владиниот кабинет а до кој дошле медиумите.
Реформата предвидува и гарантирано останување на странските студенти во Германија по завршените студии или стручно дообразување. Доселувањето би требало дада биде возможно и без претходна нострификација на дипломите и сведителствата.
Истовремено, Андреа Нахлес, директорка на Сојузната агенција за вработување, побара итни мерки кои би го засилиле приливот на стручна работна сила во Германија.
„Поради демографските промени практично не постои поинакво сценарио, туку само она коешто би го вклучувало засилено доселување во Германија“, изјави Нахлес за дневниот весник Sueddeutsche Zeitung, и додава дека на Германија годишно ѝ се неопходни 400.000 работна и стручна сила од странство.
За жителите од државите кои не се членки на ЕУ и сега постои можност за доселување. За жителите на западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора) од 2016 година постои и специјална програма за вработување, при што за доселување и добивање работна дозвола доволен е и договор со некоја во Германија.
Ова можност досега често наидуваше на тешкотии поради долгото чекање за виза во германските конзуларни претставништва во земјите на западен Балкан.