Герамнија ќе ја снабди Украиан со одбранбено противтенковско оружје, ракети земја-воздух и муниција, објави во саботата вечерта германската влада што претстаува промена во повеќе децениската практика на Берлин да не испорачува оружја во зони на конфликт.
Откако германскиот канцелар Олаф Шолц се соочуваше со критики бидејќи одбиваше да испрати оружје за Украина, во саботата рече дека на Киев ќе му бидат испорачани 1.000 парчиња противтенковско оружје и 500 ракети „Stinger“ земја-воздух од арсеналите на германската армија. Според објавата на германската влада, ова оружје ќе биде испорачано „што е поскоро можно“.
„Руската инвазија на Украина претставува пресвртница. Нашата должност е да дадеме сѐ од себеси за да ја подржиме Украина во нејзината одбрана од војската на Путин“, истакна Шолц во објавата на Twitter посочувајќи го рускиот претседател.
„Германската валда штотуку објави дека ќе ни достави противтенковски ракетни фрлачи и стингери. Само така, канцелару Шолц. Антивоената коалиција на дело“, напиша на Twitter украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Германија, исто така, одобри испорака на 400 ракетни фрлачи од Холандија во Украина, а ѝ дозволи и на Естонија на Украина да и предаде стари источногермански хаубици. Финска ги купила хаубиците во 1990-те по падот на Берлинскиот ѕид и подоцна ѝ ги продала на Естонија.
Германија долги години не извезува оружја во воени подрачка, што е политика којашто произлегува од нејзината крвата историја во XX век, а во врска со Украина и поради сојузништовото на нацистите во двете земји во Втората светска војна, а што потоа предизвика пацифизам. Така, државите кои на трети земји сакаат да им предадат оружје коешто го купиле од Германија, прво мора да добијат дозвола од Берлин.