Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина, можно е и Шведска да испрати војници

Откако британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија е „подготвена и волна“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план.

„Не сакаме да влеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина која ќе обезбеди прекин на огнот и мирот да опстанат. Не можам да замислам Германија да не е дел од тој концепт“, изјави Харт за Би-Би-Си.

Се огласи и шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард, која рече дека Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од „некаков вид повоена мировна мисија“, објави денеска шведскиот јавен сервис.