Германија е пред колапс, камионите остануваат без гориво

Најголемиот германски производител на амонијак и уреа, СКВ Пиестериц, пред две до три недели го прекина производството за да избегне дополнителни загуби и се подготвува да ги продаде преостанатите акции во „АдБлу“, пишува Vecer.
– Снемува производи. Ги празниме залихите затоа што веќе не произведуваме – објасни портпаролот.

Кај современите дизел мотори за камиони и автобуси, „AdBlue“ мора да ги почитува прописите за емисија на азотни оксиди.
Германија е особено зависна од „AdBlue“ поради високиот процент на патнички автомобили со дизел мотори.

Поради високата цена на гасот се користат само околу 35 отсто од европските капацитети за производство на амонијак.

– Ако нема „АдБлу“, нема да има камиони. А, тоа значи дека Германија останува без залихи – изјави првиот човек на БГЛ, Дирк Енгелхард, повикувајќи ја владата да преземе мерки.

Европската енергетска криза дополнително се засили откако руски Газпром на неодредено време ја прекина испораката на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1.

Германија нема пристанишни терминали за течен природен гас за да го замени рускиот гас од гасоводот, така што компаниите се под политички и комерцијален притисок да го намалат интензивното производство на гас доколку дополнително се намали испораката.