Германија ќе прими 25.000 Авганистанци

Германија вети дека ќе прими 25.000 Авганистанци од вкупно 40.000 кои државите членки на Европската унија ќе ги прифатата а кои се сметаат за најзагрозени откако талибаните ја преземаа власта во Кабул, се наведува во писмо на висок функционер на ЕУ објави Reuters.

Рекордниот број бегалци, официјално речиси 900.000 Германија прими само во 2015 година и уште неколку стотици илјади следните години, а повеќето од нив доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак.

По увидот кој во петокот го имала агенцијата Reuters во документот датран од четвртокот 9-ти декември кога должноста ја презема новата германска влада, се наведува дека комесарката на ЕУ за внатрешни работи Илва Јохансон ги повикала земјите членки да ги исполнат сите своите ветувања за преземање на бегалците до 2022 година.

„Ранливите луѓе и загрозените бегалци го чекаат своето преселување за да можат да започнат нов живот во безбедност и достоинство“, истакнува Јохансон во допусот.

Според овој документ, покрај Германија која ќе преземе 25.000 бегалци, Холандија се обврзала дека ќе прими повеќе од 3.100 лица чиишто животи, како што се тврди, во моментов се најзагрозени. Франција и Шпанија ќе прифатата по 2.500 Авганистанци, додека во Шведска ќе бидат преселени 2.000 лица.

Западните земји во хаотичното евакуирање од Авганистан кон средината на август евакуирале околу 120.000 Авганистанци, што го означи контроверзното катастрофачно повлекување по дведеценисата војна во оваа земја. Но западните трупи зад себе оставија десетици илјади луѓе кои сега изразуваат загриженост за својата судбина поради тоа што се залагале за човековите и правата на жените, кои работеле како новинари или за поранешната влада во Кабул.