Германија, Франција и Полска ја повикаа Русија на деескалација

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Еманиел Макрон и полскиот претседател Анджеј Дуда го повикаа Кремљ на „содржаен дијалог“ за европската безбедност.

Во декларацијата објавена по средбата во вторникот вечерта во Берлин тројцата споменати челници истакнаа дека „секоја натамошна воена агресија на Русија врз Украина би имача огромни поселдици и тешка цена“.

Челниците на трите држави порачаа дека се обединети околу целта да се спречи војна во Европа. Макрон во Берлин стаса по посетата на Моксва и Киев, а Шолц на почетокот од седмицата во Вашингтон разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.