Германија ги истражува доказите за учеството на Полска во експлозиите на Северен тек – WSJ 

Германските истражители ги испитуваат доказите коишто укажуваат на тоа дека диверзантите кои ланскиот септември ги кренаа во воздух четирите цевководи на руските гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море ја користеле Полска како оперативна база, објави во саботата американскиот дневен весник The Wall Street Journal. 

Според германсата истрага, стручњаците заклучиле дека јахтата „Andromeda“, која наводно била користена во поставувањето на експлозивните средства до цевководите, го напуштила пристаништетот на данскиот остров Кристиансе. Како што пушува WSJ, во периодот меѓу поставувањето на експлозивот под гасоводитем јахтата наводно влегла во територијалните води на Послка, а истражителите ги испитувале причините за тоа.  

Во моментов не може со согурност да се каже дали јахтата „стасала до брегот на Полска или се сретнала со друго пловило во нејзините територијални води“, рекел информираните соговорници на весникот.  

Истражителите одредиле дека јахтата скршнала до својот крус и се упатила во полските води, повикувајќи се на радиската и навигциските опрема, сателитски и мобилните телефони, сметките на електронската пошта и „примероци од ДНК оставени на палубата, која Германија се обидела да ги спои со најмалку еден украински војник“, кого претходно го идентификувале. 

Истовремено, во текот на истрагата, специјалистие на германската истрага добиле пристап до „Andromeda“, којашто оние коишто ја изнајмиле ја вратиле неисчистена. На бродот, наводно, биле пронајдени траги од експлозиви, примероци од ДНк и отпечатоци од прсти.  

Други докази укажувале дека „Полска била логистички и финансиски центар“ за саботажата на руските гасоводи со кои до Германија и Европа се испорачуваше евтиниот руски гас. За потсетување, токму Полска, Украина и САД беа најжестоките противници на градењето на Северен тек 1, а особено на Северен тек 2, и повеќепати бараа негово оневозможување. Американскиот истражувачки новинар Сејмор Херш потсети дека америакснкиот претседател Џо Бајден своевремено изјави дека „има начин“ да се оневозможи функционирањето на Северен тек 2. 

Спроед The Wall Street Journal, германските истражители сега истражуваат „зошто јахтата била изнајмена преку туристичка агенција со седиште во Варшвава, којашто може да биде дел од мрежата компании поврзани со украинските разузнавачки служби“. Како што нагласува весникот, најновите информации „сѐ повеќе го зајакнуваат мислењето на истрагата што ја спроведува Германија дека зад саботажата стојат Украинците“, а притоа стручњаците испитуваат дали „послакта територија можеби била користена за нападот“.  

 Весникот пишува и дека претставник на германското сојузно обвинителство одбило да ги коментира информациите дека диверзаните кои ги разнесоа госоводите Северен тек ја користеле Полска како база за нивната операција. Истовремено, „други германски функционери запознаени со истрагата изјавија дека немаат докази за вмешаноста на владата на Полска“ во саботажата. Истовремено, неименуван претставник на полските безбедносни служби за WSJ рекол дека „ниедна полска државна институција не е вклучена во тоа“, но дека „не можам да исклучам дека полска или некоја друга компанија е вмешана во тоа“. 

Претходно седмицава, американскиот весник The Washington Post ојави дека САД дознале за наводниот украински план за напад врз гасоводите три месеца пред да бидат оштетени со подводните експлозии. Украинскиот претседател Володомир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украина не ги нападнале гасоводите Северен тек.  

 

Кон крајот на септември минатата 2022 година и двата руски извозни гасоводи под Балтичкото Море – Северен тек 1 и Северен тек 2, беа ставен вон функција по саботажа. Шведска, Данска и Германија спроведуваат истраги, но сѐ уште не дошле до конкретни резултати, а прелиминарните не ги соопштуваат објаснувајќи го со интерес од националната безбедност.

Од Москва повеќепати наведоа дека сѐ уште со сигурност не знаат кој стои зад нападот, бидејќи на Русија не ѝ беше дозволено ниту учество во истрагата, ниту спроведување на самостојна истрага иако неодамна повика на формирање во рамките на ОН на меѓународна независна и транспарента истрага за терористички напад врз стратешка меѓународна инфраструктура.

До почетокот на март годинава ниеден западен влијателен медиуми ниту западните политичари не го коментираа написот на американскиот наградуван американски новинар Сејмур Херш кој точно пред еден месец објави напис во кој прецизно наведува дати, личности, локации и опрема, и тврди дека зад експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Херш, по деветмесечно планирање американските служби ги искористиле поморските вежби „Baltops“ на НАТО во јуни 2022-ра во Балтичкото Море да ги постават експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала воената морнарица на Норвешка.

Меѓутоа, кон средината на март годинава западните челници започнаа со коментари од написите на американскoт весник The New York Times и на германски Zeit од вторникот дека во експлозијата наводно учествувале „проукраинска групација“ којашто наводно ја сочинувале Украинци и Руси и којашто „не е поврзана“ со украинскиот претседател Володомир Зеленски а била „против рускиот претседател Владимир Путин“. Потоа минатата среда на темата се надоврзаа и британски Times и германската телевизија Ntv со наводните исти сознанија со кои вината за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура се префрла на неидентификувана „украинска компанија“ и индиректно врз Полска каде што наводно било седиштето и бил изнајмен бродот со кој била спроведена акцијата. Times, пак, објави дека разузнавачите на западните земји го знаат идентитетот на наводниот украински спонзор на саботажа на гасоводите.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно ја нарече целосна глупост верзијата за вмешаност на украински активисти во експлозијата на Северен поток, и истакна дека само специјалисти поддржани од државата со одредени напредни и ретки технологии можат да изведат експлозија од ваков вид.