Германскиот парламент Бундестаг во петокот одлучи на бегалците во иднина повеќе да не им се исплаќа готовина за покривање на трошоците за живот, туку ќе им издава банкарски картички, што има за цел, како што се тврди, да ссе пречи трансфер на пари во странство или плаќање на кирумчарите на луѓе.
„Можете да платите за стоки и услуги со платежна картичка, но можноста за подигање готовина е ограничена и зависи од специфичните потреби“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер од владејачкаа Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Рече и дека главната причина за воведувањето на платежните картички е да се спречи трансферот на готовина во странство, на пример на членови на семејството или да се платат услугите на криумчарите на луѓе.
Сојузната влада минатата година ја договори оваа мерка со претставниците на сојузните покраини со надеж дека намалувањето на материјалните придобивки ќе ја намали и мотивацијата на бегалците да дојдат во Германија, чиј број минатата година повторно достигна рекордни вредности.
Полицискиот синдикат (GdP) ја критикуваше мерката, плашејќи се дека бегалците ќе се обидат да го надополнат недостигот од готовина со извршување кривични дела.
„Финансискиот притисок врз бегалците, на пример, да испратат пари дома за медицински потреби на членовите на семејството или последователно да плаќаат за услуги на шверцерите на луѓе, нема да исчезне со ова, и постои страв дека тие ќе се обидат да добијат готовина во други начини. Не смееме да ги туркаме во криминал оние кои се погодени од овие мерки“, рече претседателот на GdP, Јохен Конопке.
Претставниците на најголемата опозициска пратеничка група на Унијата на Христијанско-демократска унија и баварската Христијанск-социјална унија (CDU/CSU) гласаа против воведувањето на платежната картичка, бидејќи според нив мерките „не одат доволно далеку“. Демохристијанската коалиција побара месечниот износ на подигање готовина да биде ограничен на 50 евра.
Претставниците на опозициската Алтернатива за Германија (AfD)го критикуваа овој закон, кој според нив е уште еден доказ дека сојузната влада ја промовира, а не ја ограничува илегалната миграција.
„За нас сè уште е точно: германски пари за германските граѓани, а не за целиот свет“, рече пратеникот на AfD, Штефен Јаних.
Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата година изјави дека целта на неговата влада е да ја намали „нередовната миграција“ и да ги зголеми депортациите.