Германското министерство за надворешни работи со грешка го објаснува датумот во нацртот на проектот за извештајот на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) во врска со навдоното труење со нервен агенс на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, којашто подоцна наводно била коригирана по забелешките од секретаријатот на организацијата, изјави во средата портпаролот на германската дипломатија Рајнер Бројли.
Годинава од 6-ти до 9-ти јули во Хаг се одржа 97-та седница на Извршниот совет на OPCW, кога постојаниот руски претставник во оваа Организација, Александар Шулгин, изјави дека Русија ќе побара објаснување од OPCW за тоа како експертите може да видат испретени во Гермнанија токму на деното кога во Русија се случува инцидентот со Навални, а претходно биле наведени други датуми.
Шулгин истакнал дека во нацрт-извештајот на Организацијата се наведува дека Техничкиот секретаријат, на барање на Германија, испратил група експерти да обезбедат техничка помош за инцидентот со Навални на 20-ти август 2020 година. Всушнот тоа е денот кога жестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, почнал да ги покажува првите знаци на влошена здравствена состојба на летот од Томск за Москва.
„Тоа не е грешка во дикуменот, бидејќи тој беше проект, во првиот нацрт имаше грешка во датумот, тогаш стануваше збор за 20-ти август како датум на обраќањето, додека исправно е да се зборува за 4-ти септември. Сетретаријатот тоа го уведе и во вториот нацрт беше коригирано“, изјави портпаролот на германската дипломатија на брифингот во средата без да појасни како можело да се случи таквата грешка.
Навални беше хопситализиран во специјалната болница во Омск на 20-ти август лани откако авионот со кој патувал од Томск кон Москва поради неговата здравствена организација извршил принудно слетување во сибирскиот град. Врз основа на резулатите лабораторијата во Омск и подоцна уште две други во Русија, кај Навални е дијагностицирано матаболишко нарушување, кое прдизвикало остра промена на новото на шеќерот во крвта на пациентот. Според овие наоди, во крвта и урината на Навални не се најдени траги од отрови и се претпоставува дека е реакција на нешто што консумирал пред летот.
Откако Навални беше хоспитализиран во Омск, првично во три лаборатории во Русија беа извршени тестирања кои не покажале труење со отровна супстанција, а потоа во истрагата биле вклучени уште неколку лаборатории кои, исто така, не нашле отрови, туку на облеката некои материи кои се употребиваат во филмската и прехранбената индустрија, кои се токсични во извонредно големи концентрации. Според руските лекари, пациентот имал метаболичко нарушување, што предизвикало остар пад на шеќерот во крвта, но материјалите сѐ уште не дале одговр на прашањето што го предизвикало тоа.
Неколку денови по пренесувњето на Навални во берлинската клиника „Шарите“, беше објавено дека три лаборатории во телото на навални откриле присуство на супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, која се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенс. Во Берлин на Навални му бил даван атропин, исто како и во Омск.
Лекарите од Омск, кои се повикуваа исто така на три независни лаборатории соопштија дека такви супстанции не се откриени кај Навални, нути кај него имало клиничка слика специфична за труење супстанција од групата инхибитори на холинестераза. Па затоа побараа размена со германските колеги на неговите биоматеријали земени во Германија и во Русија. Со тоа би се споредило новното вистинско потекло, но до таква размена на биоматеријалите на Навални досега не дојде.
Десетина дена по пренесувањето на рускиот опозиционер во Берлин, германската влада објави дека лабораторијата на германската армија кај Минхен кај Навални открила присуство на агенсто „новичок“, и побара одговорност од Русија. Москва, од своја страна, повторува дека сѐ уште очекува официјало известување од Германија за наодите.