Германската држава ги продаде останатите акции што ги поседуваше во авиокомпанијата „Луфтханза”, каде влезе со 20 отсто акции во 2020 година, за време на планот за нејзино економско спасување поради пандемијата со коронавирусот.
Фондот за економска стабилизација, јавно тело што ги поседуваше акциите, го продаде својот последен удел на меѓународни инвеститори. Од таму додаваат дека авиокомпанијата повторно е во приватни раце.
Германската Влада ја спаси „Луфтханза” од банкрот во јуни 2020 година, тогаш компанијата беше економски тешко погодена поради пандемијата. Властите тогаш одобрија план за помош од девет милијарди евра, вклучувајќи јавен влез во капиталот со 20 отсто. Учеството уште од почетокот се сметаше за привремено, додека не се подобри ситуацијата во „Луфтанза”.