Германија ги продолжи предупредувањата за патување во над 160 земји

Германија до средината на септември го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји во светот, соопштено е по состанокот на германската влада во Берлин.

Предупредувањето се однесува на речиси сите земји надвор од Европската унија. На средината на септември владата би требало повторно да расправа за продолжување на забраната.

Предупредувањето се однесува на скоро сите земји надвор од Европската унија, а беше издадено во средината на март и првично беше продолжено до средината на јуни, а потоа до крајот на август. Во средината на септември, владата треба да разговара за продолжување на забраната повторно.

Предупредувањето не претставува забрана, но важно е во случај патниците да побараат поврат во случај на резервирано патување.

Списокот на земји не одговара на списокот на области со ризик во врска со епидемиолошката состојба. Така, предупредувањето се однесува на Тајланд, каде епидемиолошката состојба е поволна, но влезот е забранет за германските граѓани.

Во исто време, германскиот министер за здравство Јенс Спан го бранеше делумното укинување на бесплатните тестови за луѓето кои се враќаат во Германија од епидемиолошки ризични области.

Во последните неколку дена, бројот на тестови е двојно зголемен на скоро 900.000. Бесплатни тестови беа достапни за сите повратници од области со ризик од кои се бара да бидат тестирани, но и за други кои се враќаат од странство, без оглед дали останале во областа на ризикот или не.

Тестовите може да се извршат на сите гранични премини и поголемите центри за сообраќај.

Претходно оваа недела, министрите за здравство на германските сојузни држави решија повторно да ги наплатат тестовите и да воведат задолжителен двонеделен карантин за оние кои доаѓаат од области со висок ризик.