Германија во неделата ги внесе Бугарија и хрватсак на листата високоризични подрачја, па лицата кои не се вакцинирале или не прележале Covid-19 по враќањето од овие земји ќе мора да минат најмалку пет дена во карантин.
Уште три членки на Европската унија – Романија, Литванија и Словенија веќе се наоѓаат на листата на германскиот референтен Институт „Роберт Кох“ (RKI) за контрола на болестите.
Во Европа, воопшто, расте бројот на случаите на зараза со коронавирусот и хоспитализациите поради тоа, а во некои земји е извонредно висок, пред настапувањето на постудените денови а во некои региони има застој во процесот на имунизација на населението.
Германија околу 70 земји во светот ги прогласи за високоризични. Лицата кои не прележале Covid-19 или не се целосно вакцинирани, по враќањето во Германија мора да минат 10 дена во карантин. Овој период може да се преполови, доколку лицето биде негативно на тест по пет дена.
Покрај Бугарија и Хрватска, во неделата на листата се додадени и Камерун, Сингапур и Конго. Од овој список, пак, се отстранети Кенија, Косово, Ирак и Хондурас.