
Поради новиот коронавирус Германија денеска во осум часот ги затвори своите граници кон Австрија, Франција и Швајцарија, објави германксиот дневен весник „Билд“.
Мерката предвидува зголемена контрола на границите и враќање на странските државјани, кои доаѓаат од соседните земји.
Превозот на стока помеѓу Германија и соседите нема да биде запрен.
Луѓето кои работат во пограничните региони ќе можат да ја поминуваат границата, но со ќе бидат подложени на контр