Германија нема да се спротивстави на ембаргото на Европската унија за увоз на руска нафта, но цени дека таквиот потег би бил контрапродуктивен. „Државата нема да го спречи ембаргото, иако не го смета за најефикасно средство за нанесување штета на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Блумберг“.
Германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек предупреди дека запирањето на увозот на руска нафта ќе и нанесе сериозен удар на најголемата европска економија, што вклучува недостиг на понуда и „огромно зголемување на цените“.
„Но, нема да доживееме национална катастрофа. Постигнавме голем напредок во однос на нафтата и би можеле да се приклучиме на ембаргото ако тоа се случи. Германија нема да застане на патот“, рече Хабек во интервју за телевизијата ЗДФ доцна во четвртокот.
Тој претходно оваа недела рече дека Германија веќе ја намалила зависноста од руската нафта до доволен степен за да го направи целосното ембарго „изводливо“.
Уделот на руската нафта во германскиот увоз падна на околу 12 отсто од 35 отсто пред рускиот напад врз Украина, изјави неодамна Хабек за време на посетата на Варшава.
Сепак, во интервју за ZDF, тој јасно стави до знаење дека е скептичен за ембаргото за нафта, нагласувајќи дека таквиот потег може да биде „контрапродуктивен“ бидејќи потенцијално ќе и овозможи на Русија да испорачува нафта на други земји дури и по повисока цена, додавајќи дека Путин би можел да користи и нафта за да добие поддршка од некои земји.
„Мораме да го запреме растот на глобалните цени на нафтата, но не на начин на кој можат да си дозволат само Германија, Западна Европа, САД и можеби Канада. Тогаш Путин може да каже – Погледнете што се случува, капиталистичкиот Запад ве прави сиромашен, јас ќе ви помогнам, можете да добиете 20 проценти попуст од мене, само барам да ми бидеш сојузник-, изјави Хабек.