Германските гиганти во секторот осигурување „Allianz“ и „Munich Re“ го продолжија осигурувањето на оштетениот гасовод Северен тек 1, еден од двата во експлозиите ланскиот септември во Балтичкото Море, пишува Reuters во вторникот повикувајќи се на свои извори.
Како што истакнал еден од соговорниците на агенцијата, осигурителната полиса за гасоводот кој преминува во потполна контрола на Русија, ги опфаќа и физичките оштетувања на инфраструктурата и економските проблеми предизвикани од прекинот на активностите. Достапноста на осигурувањето, исто така, ќе ги олесни работите на поправките потребни да се обнови снабдувањето со гас преку Балтичкото Море до Европа, се доава во написот.
Според другиот соговорник, кој исто така барал анонимност, германската влада не се противела на продолжувањето на осигурувањето на гасоводот. Други извори на Reuters забележуваат дека некои од германските акционери на компанијата оператор „Nord Stream AG“ се застапувале за зачувување на гасоводот во случај да бидат подобрени односите со Москва.
Меѓутоа, истовремено лица од германскиот естаблишмент за Reuters рекле дека надежите за заживување на проектот Северен тек ја споделуваат малкумина во Берлин, па дури и тие сметале дека таквиот развој на настаните е малку веројатен во блиска иднина.
Западот се сомнева во вмешаноста на Полска и Украина во експлозиите
Претходно во понеделникот вечерта весникот The Washington Post во своето електронско издание објави дека западните функционери сметаат дека владите на Полска и Украина се вмешани во минирањето на четирите цевководи на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, но посочиле дека ниту Европската унија, ниту НАТО не се обидуваат да дојдат до вистината во истрагата за саботажата.
Повикувајќи се на неименувани западни функционери, се наведува дека во САД и Европа „се шепоти за можната вмешаност на полската и украинската влада“ во експлозиите. Во написот се прецизира дека ваквите разговори се базираат на „првичните заклучоци на германската страна“.
„Според некои функционери, Полска можеби имала мотив – таа беше меѓу најгласните критичари на Северен тек откако проектот беше започна во доцните 1990-те години и предупредуваше дека гасоводот кој минува од западниот дел на Русија до Германија може да доведе до енергетска зависност на Европа од Кремљ“, се појаснува во текстот.
Истовремено во написот се нагласува дека „на средбите на авторите на политиките на Европа и НАТО“ препочитаат целосно да ја заобиколуваат темата за диверзијата.
„Челниците гледаат мала полза од копањето премногу длабоко и наоѓањето непријатен одговор (…)“, пишува весникот цитирајќи „восок европски дипломат“.
Соговорникот на The Washington Post, кој зборувал под услови да остане анонимен, потврдил дека западните челници повеќе би сакале да ја стават целата работа во врска со инцидентот „под тепихот“ за да не се соочат со „можната вмешаност на Украина или (некои од) сојузниците“. Изворот истрагата за извршителите на саботажата ја споредил со „присуството на покојникот на семејна средба“, кога сите го гледаат телото но се преправаат дека сѐ е во ред. „Подобро е да не се знае“, додал.
Во написот се забележува дека додека западните политичари не прецртуваат ниедна земја од листата осомничени, истовремено и не сакат да ги споделат своите сомнежи „за случајно да не го предизвикаат гневот на пријателските влади, коишто може да имаат вмешаност во експлозиите на Северните текови“.
„Дури и да биде најден јасен виновник, тоа веројатно нема да доведе до прекин на испораките на оружје за Украина (….)“, туку постајано ги зголемува и по експлзиите како што се наведува во написот кој ја следи верзијата која ја лансираа западните мејнстрим медиуми дека наводно „проукраинска група без поврзаност со владата во Киев или претседателот Володомир Зеленски“ ја извела таквата многу сложена и скапа операција.