Германскиот гасовод „Eugal“, кој во иднина ќе треба да транспортира природен гас од гасовод Северен тек 2, го достигнал целосниот капацитет за пумпање и пуштена е втората траса од гасоводот, соопшти во четвртокот компанијата оператор „Gascade“, а истовремено во Бундестагот предупредуваат дека евентуален мораториум на доградувањето на споменатиот руско-германски енергетски проект би ја зголемил цената на гасот за германските потрошувачи.
Првата траса на „Eugal“, со капацитет од 30,9 милијарди кубни метри гас годишно започна со работа на 1-ви јануари 2020 година, и таа привремено пренесува дел од испорачаниот гас преку веќе постојниот руско-германски гасовод Северен тек. Втората траса, требаше да биде пуштена во употреба на 1-ви јануари годинава, но тоа беше одложено за 1-ви април.
„По повеќе од две ипол години изградна, евроскиот гасоводен јазол Eugal го достигна целосниот транспорен капаците со двата цевковода и пумпната станица. Првата линија го пренесуваше гасот од 1-ви јануари 2020 година. Втората траса и пумпната станица се пуштени во употреба денеска и тие го проширија капацитетот за транспорт на енергенсто до 55 милијарди кубни метри природен гас“, се наведува во соопштението на компанијата.
Истовремено во четвртокот претседателот на Комисијата за економија и енергетија во германскиот парламент, Клаус Ернст, изјави дека хипотетичкиот мораториум на изградбата на Северен тек 2, за што се залагат противниците на проектот, не е во полза на Германија, бидејќи тоа би ги золемило цените на гасот за германските корисници.
„Мроаториумот за изградбата (на гасоводот) е во спротивност со интересите на Германија, бидејќи тоа ќе ги направи поскапи испораките од Русија за германските потрошувачи на гасот. Сојузната влада и Европската унија треба, конечно, да одреагираат на санкциите од САД со преземање соодветени мерки“, изјавил за агенцијата ТАСС, Ернст кој доаѓа од партијата Левица.
Претходно во средата германскиот владин координатор за трансатлантска соработка, претеникот Петер Бајер, зборуваше за можноста за воведување мораториум, а претходно оваа тема ја покренаа и некои други партии. САД вршат континуиран притисок врз учесниците за напуштање на проектот, додека Германија досега од своја страна ги отфрлаше тие настојувања и воведените санкции, посочувајќи дека проектот е комерцијален и се залага за негово довршување.
„Досега сојузната влада оправдатно ја отфрлаше опцијата за мораториум на градењето. Јас се придружувам на таквиот став, Енергетската политика не ги засега Американците, овие одлуки остануваат на Германија и Европската унија“, рече Ернст.