Германија во вторник одблежува 33 години од обединувањето, а главната церемонија ќе се одржи во Филхармонијата на Елба (Лаба, во Чешка каде што извира) во Хамбург, каде што се влева една од најголемите реки во Централна Европа.
Германија го слави обединувањето со државен празник кој го одбележува денот во 1990 година кога комунистичка Демократска Република Геррманија – Источна Германија се приклучи на Сојузна Република Германија, односно Западна Германија, создавајќи единствена германска држава првпат од 1945 година.
Хамбург беше избран за овогодинешната прослава бидејќи градот-сојузна покраина моментално претседава со Бундесратот, горниот дом на парламентот.
Официјалната церемонија во Филхармонијата на Елба во северниот пристанишен град ќе вклучува говор на претседателот на германскиот Уставен суд, Штефан Харбарт, пред околу 1.300 луѓе, вклучувајќи ги главните политички лидери на нацијата и премиерите на 16 држави.
Екуменската богослужба ќе се одржи во црквата на „Свети Михаил“, а двата настани ќе бидат директно пренесувани на националната јавна телевизија.
Прославата започна веќе во понеделник со голема забава околу градското собрание и езерото Алстер.