Германија го удвојува бројот на работни дозволи за граѓаните од Западен Балкан

Германија сака да ја олесни имиграцијата на работниците и по примерот на Канада воведува бодовен систем при селекција на имигранти, а истовремено го удвојува бројот на работни дозволи за граѓаните на Западен Балкан.
„Сакаме да ја олесниме работната имиграција во Германија и да го поедноставиме пристапот до пазарот на трудот“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД), кога ги презентираше измените на законот за имиграција.
Новиот закон, кој на денешната седница го изгласа коалициската влада, предвидува воведување на таканаречената „Чанчен-карта“, со која кандидатот за имиграција би собирал бодови заедно со критериуми како професионално образование, познавање на јазикот, возраст , работно искуство и поврзаност со Германија.
Според предлог-законот, потребно е да се соберат најмалку шест бода за имигрирање во Германија, при што, на пример, доброто познавање на германскиот јазик носи три бода, возраст под 35 години два, а најмногу четири бода може да се добиени за вештини.
Во иднина, потенцијалните имигранти кои доаѓаат од земји надвор од Европската унија би можеле да ја искористат можноста за пробна работа и престој во Германија, а исто така би можеле да учествуваат во програми за континуирано образование.