Германската влада, откако Русија ја призна независноста на одметнатите проруски источни украински региони Донецк и Луганск што се толкува како руска инвазија врз Украина, во вторникот ја запре постапката за издавање на дозволата за работа на гасоводот Северен тек 2, објави во вторникот германскиот канцелар Олаф Шолц на задничката прес-конференија со ирскиот премиер Михол Мартин.
„Ситуацијата денеска е реадикално поинаква и затоа, во заднината на последните случувања, мора да ја преоцениме ситуацијата а тоа се однесува и на Северен тек 2. Денеска побарав од монистеството за економија да го повлече извештајот со анализа на енергетската безбедноста од Федералната мрежна агенција “, рече Шолц.
Според германскиот канцелар, станува збор за „технички но неопходен административен и правен чекор, врз основа на кој не може да се издаде сертификација на гасоводот“. „Без тоа одобрувања, Северен тек 2 не може да биде ставен во функција“, рече Шолц.
Претходно агенцијата DPA, повикувајќи се на извори во германската влада, објави дека на „неодредено време ја запира постапката за дозвола за раота на гасоводот…“.
Руско-германскиот енергетски проект е завршен и цевководот е исполнет со гас, но ја чекаше последната дозвола откако германските власти бараа промена во седиштето на новата компанија кој го задоволи законот на ЕУ снабдувачот истовремено да биде и сопственик на гасоводот. На крајот од јануари операторот на гасоводот Северен тек 2, компанијата „Nord Stream 2 AG“ ја основаше својата германска подружница „Gas for Europe GmbH“ којашто ќе биде сопственик и оператор на германскиот дел од гасоводот и со тоа го исполни главното барања за добивање на дозволата во Германија. Но Федералната мрежна агенција тогаш објави дека не е планирано дозволата да биде издадена пред јуни 2022 година.
По последните случувања во Украина, сѐ погласни се повиците од коалициските партнери во германската влада за целосно запирање на проектот Северен тек 2, со кој рускиот гас директно ќе биде испорачуван од руските наоѓалишта во Германија. Но некои опозициски партии во Бундестагот, како и голем дел од германското стопанство сметаат дека целосното прекинување на гасоводот ќе биде на штета на германската економија.
„Мораме веднаш да го запреме овој проект. Тоа отсекогаш беше нашиот став и на тоа ништо не се променило“, изјави претходно во вторникот за јавниот сервис Deutschlandfunk министерот за земјоделите од неолибирелната партија Зелени, Чем Ездемир.
Ездемир рече дека верува оти со руските чекори во источна Украина дошол моментот во рамките на коалициската социлајдемократско-зелено-либерална влада да се разговара за „конечно затворање на проектот“.
„Тоа мораме да го договориме заеднички во рамките на владата. Се надевам дека и нашите коалициски партнери имаат исто мислење за ова прашања. Најдоцна во вој момент дојде моментот да го запреме проектот и да кажеме дека се свртуваме кон обвновливите извори на енергија“, рече Ездемир
Тој, како еден од челниците на Зелените, рече и дека „мора да престане германската енергатска зависноста од авторитарни режими како оној во Русија“.