Германија и Чешка со под 2.000 нови коронаинфекции

Нови 1.798 случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во Германија, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Од последниот пресек, Во Германија починале 17 лица. Вкупниот број на заразени е 287.421 лица, додека починале 9.500 луѓе.

Чешка во последните 24 часа брои нови 1.965 случаи на Ковид-19, што според податоците на Министерството за здравство четврти ден по ред бројот на новозаболени е под 2.000.

Регистрирани се и нови 18 смртни случаи. Чешка е земја во Европа која во септември бележи највисок пораст на заболените од коронавирус.

Поради големиот скок на заразени, владата беше приморана да врати некои од мерките за да се намали ширењето на вирусот. Една од мерките е задолжително носење маска во затворен простор, јавниот сообраќај и во училиштата.

Вкупниот број на заразени во Чешка е речиси 68.000, а починати се 636 лица.