Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетуваат блокот, сметаат Германија и Франција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе се разговара за барањето на балтичките држави и некои други членки врз кои повеќе влијание има Вашингтон отколку Брисел, за забрана за издавање визи за влегување во ЕУ за сите Руси.
„Иако ја разбираме загриженоста на некои држави членки во овој контекст, не би требало да ја потцениме трансформативната моќ на искуството на животот во демократските системи од прва рака, особено за идните генерации“, се наведува во француско-германскиот документ во кој увид имала агенцијата Reuters.
„Нашата визна политика би требало да го одразува тоа и да продолжи да дозволува контакти меѓу луѓето во ЕУ и руските државјани кои не се поврзани со руската влада“, се додава во цитираниот документ.
Подоцна во вторникот, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе се соберат на дводневен состанок во Прага. По споменатото прашање има големи разлики, некои сметаат дека внатрешниот револт врз Кремљ ќе биде зголемен доколку на Русите навикната да патуваат и да трошат во Европа тоа им биде оневозможено, некои се заинтересирани за губење на приходите од милионите руски туристи, а трети сметаат дека со таквите директни контакти може да се влијае кај руските граѓани да се подигне анимозитет кон претседателот Владимир Путин.