
Германија и Катар наидоа на тешкотии во преговорите за долгорочно снабдување на германските потрошувачи со течен природен гас (LNG), поради несогласувањето околку главните услови, особено времетраењето на какво и да е договор, пренесува агенцијата Reuters цитирајќи извори запознаети со темата.
Според еден од соговорниците на агенцијата, Берлин и Доха разговараат за времетраењето на договорот и за заканата што доглорочниот договор би можел да преставува за целите на Германија за брза декарбонизација. Нагласил и дека Берлин се натпреварува со други земји за LNG од Катар.
Доха, исто така, преговата за одредба со која би се ограничела насоката за испораките на течниот гас. Тоа, имено, ќе ја спречи Германија да го пренасочува гасот кон други делови на Европа, како што тоа го прави со рускиот гас кој го добива преку гасоводот Северен тек 1.
Според другиот извор, испораките на LNG од Катар „не се очекуваат“ во блиска иднинина. Како што истакнуваат други извори, германските гасни компании ќе ги обноват разговорите со Катар подоцна во мај.
Ушет кон средината на март германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека Берлин и Доха се договорила околу долгогодишно партнерство за снабдување со енергенси, во прв ред со течен гас. Хабек тогаш отпатува во Катар за да договори можни идни испораки на течен гас, што е, со најавеното градење два LNG терминала, дел од стратегијата на Германија да ја намали зависноста од гас од Русија и покрај двата нафтовода Северен тек, од кои вториот во услови на западните санкции поради војната во Украина веројатно уште долго нема да профункционира.
Катар е најголем светски произведувач на течен гас, но неговиот извоз главно е ориентиран на поскапиот пазар во Азија каде што има и развиена LNG инфраструктура. Германија по руската офанзива во Украина, следејќи ги западните сојузници, најави дека сака да постигне независност од руските енергенти. Но оваа земја во моментов повеќе од 50 отсто од своите потреби за земен гас ги покрива со увоз од Русија.
Но уште во февруари катарскиот министер за енергатика Саад ал-Кааби предупреди дека нути Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет, барем за брзо време, да го заменат рускиот природен гас во Европа доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт. Главниот проблем е што Катар има склучени долгогодишни договори со корисниците во Азија, и според процените само 10 до 15 отсто од продадениот гас веројато може да се пренасочат кон Европа.
Агенцијата Reuters, исто така, објави дека во понеделникот вечерта добила соопштение од германската компанија за дистрибуција на гас „Verbundnetz Gas“ (VNG) за намерите во иднина да ги префлри плаќњата во евра во „Газпромбанк“ за плаќање на испораките на рускиот гас, како и дека не очекува никакви проблеми при конвертирањето во рубљи, според прописите кои ги донесе Русија по воведувањето на западните санкции против нејзиниот финансиски и енергетски сектор.
„Износот од фактурата, којашто ќе продолжи да се деноминира во евра, ќе го платиме на сметката кај ‘Газпром’ во согласност со планираната процедура, за да можеме да обезбедиме навремен исплата на нашиот добавувач“, го цитира агенцијата соопштението на VNG.
„Исто така, претпоставуваме дека конверзијата во рубљи нема да предизвика никакви потешкотии. Отворањето на сметката, барем, мина целосно без проблеми“, истакнува германската компанија.
Истовремено Reuters посочува дека од VNG не одоговориле на дополнителните прашања за тоа дали отвориле две сметки во „Газпромбанк“, едната за плакаќање во евра и една за нивно претворање во рубљи.
Команијата, којашто е во мнозинска сопственост на германскиот енергетски концерн EnBW, истовремено уверува дека ги презема сите неопходни мерки во согласноста со важачкото законодавство за санцкиите против Русија, со цел да продолжи да го осигурува снабдувањето а со тоа и економската стабилност во Германија.