Германија подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони евра, но сè уште не одлучила за испорака на ракетите со долг дострел Taurus на кои инсистира Киев, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Тој за весникот Bild рече дека новиот пакет помош вклучува различни видови муниција бидејќи тоа „ѝ е најпотребно на Украина“.
„Владата сè уште не одлучила дали ќе испрати крстосувачки ракети Taurus“, додаде Писториус.