Германија jа мина Британија, над 44 милиони вакцинирани со првата доза

Половина години по започнување на кампањата за масовна имунизација на населението против Covid-19, во Германија повеќе од половината жители се вакцинирани барем со една доза од вакцините, а повеќе од третината ги добиле двете дози.

Според податоците кои ги објави референтниот германски Институт за превенција и контрола на болестите „Роберт Кох“, речиси 44,4 милиони луѓе, односно 53,3 отсто од вкупната популација, добиле барем една доза од вакцината, додека 28,9 милиони или 34,8 отсто се вакцинирани со двете дози.

Само во петокот во цела Германија биле вакцинирани 852.814 луѓе.

Со овие податоци првпат Германија ја мина Велика Британија според апсолутните бројки на вакцинираните, објави во саботата на својот акаунт на Twitter германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Велика Британија истовремено е објавено деке најраширена е „делта“ варијантата на коронавируост, којашто се смета за особено заразна. Во Германија уделот на инфекциите со овој ткн „индиски“ сој е сѐ поголем.