Полицијата во западногерманскиот град Саарбрикен во петокот отвори истрага против жена за којашто постои сомневање дека своите две малолетни деца ги фрлила од балкон а потоа и самата се обидела да се самоубие, при што смртно настрадало нејзиното тригодишно девојченце.
„Полицијата се сомнева дека станува збор за убиство и обид за убиство, а главната осомничена е 38-годишна мајка на починатото тригодишно девојче“, изјавил портпаролот на локалната полиција.
Според првичните сознанија, 28-годишната жена во четвртокот ноќта од горниот кат на куќата, од височина од околу пет метри, прв ја фрлила својата тригодишна ќеркичка која им подлегнала на повредите, а потоа едногодишната ќеркичка а потоа и самата скокнала.
Мајката во овој инцидент е сериозни повредена, додека едногодишното девојченце минало речиси неповредено. Тригодишното девојченце, пак, починало во болница.
Полицијата забележува дека децата се премали за да можат самите да се прекачат преку оградата на балконот.
Мајката со нејзиниот партнер и двете деца престојувала во посета на родителите во Саарбрикен. Според полицијата, осомничената боледува од „тешки психички нарушувања“.