Германија најавува купување на големи количества од лекот „Авиган“

Во борбата против коронавирусот Германија во големи количеста набавува еден лек што има намера да го употреби против Ковид-19, пишува „Франфуртер Алгемајне цајтунг“.

Според весникот, станува збор за антивиралните таблети против грип „Авиган“, кои, по искуството во Азија, будат надеж.

„Авиган“ се користи во Јапонија во лекувањето од коронавирусот, а вообичаено спречува вирусот на грипот да се размножува во телото на човекот.

Кинеската Влада неодамна соопшти, потсетува весникот, дека во Вухан постои ветувачко клиничко истражување за овој лек.

Бројот на потврдени случаи од коронавирус во Германија се зголеми на 73.522, додека досега умреле 872 лица, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за инфективни болести од Бон.