Германија нема да го одобри Северен тек 2 до летото 2022-ра и покрај рекордните цени на гасот

Нема да има конечна одлука за сертификување на операторит на руско-германскиот гасовод Северен тек 2 во првата половина од 2022 година, проценува директорот на германскиот енергетски регулатор.

Зборувајќи во четвртокот на прес-конференција, челникот на германскиот регулатор Bundesnetzagentur, Јохен Хоман, потсети дека процесот на сертификување е запрен додека операторот „Nord Stream 2 AG“ со седиште во Швајцарија не ги достави документите за пренесување на имотот на нова германска компанија.

Хоман рече дека процесот на сертификување ја вклучува првата прелиминарна одлука на регулаторот по што следува ревизија на Европската комисија.

„Имајќи го сето тоа предвид, во првата половина од следната година нема да има идлука“, изјави Хоман.

Во Bundesnetzagentur на 16-ти ноември ја запреа постапката за сертификување на гасоводот „Nord Stream 2 AG“ како независен оператор додека компанијата не го префрли имотот на германска компанија ќерка.

Според Хоман регулаторот сѐ уште не пристигнала ажурираната документација, но додаде дека „штом ќе ги добиеме документите, повторно ќе започне периодот на прегледување“ на докуменатцијата.

По коментарите на Хоман, се чини дека е сѐ помалку веројатно дека гасоводот Северн тек 2 преку со кој рускиот гас преку Балтичкото Море се испорачува во Германија, ќе биде експлоатиран најрадно до следното лето иако тој е функционален во моментов, што ги зголемува притисокот врз цените на гасот во Европа.

Овие цени се повторно на рекордни високо ниво поради обновената загриженост за снабдувањето во текот на зимата, имајќи ги предвид состојбите на ниските залихи на гасот и руските испораки кои не се одвиваат брзо поради тоа што европските земји почнаа последните месеци да прават договори за набавки на дополнителни количества, откако во летото ги испразнија своите складишта поради повисоката и зголемената побарувачка на течниот природен гас (LNG) на азиските и јужноамериканските пазари.

Така џцените на гасот во Европа во претпладневното петочно тргување на специјализираната берза ICE достиган 1.511 долари за илјада кубни метри гас, откако во четвртокот достигнуваше и 1.700 долари.

Гасоводот Северен тек 2 со капацитет од 55 милијарди кубни метри годишни и покрај големите опструкции и американски санкции беше довршен во септември годинава, но комерцијалната експлоатација не почнува бидејќи германскиот регулатор постојано го оодлговлекува процесот. На германскиот регулатор од 8-ми септември започна да му тече рокот за нацрт-одлуката за сертифицирање, но процесот го запре.

Останува нејасно кога ќе биде довршен процесот на пренос на имотот на новата германска филијала, но се предвидува дека одредени делови од процесот ќе бидата релативно долготрајни. Откако регулаторот ќе ја издаде својата нацрт-одлука, ќе ја проследи до Европската комисија којашто треба да го даде своето мислење, што би можело да потрае и до четири месеци пред случајот да му го врати на германскиот регулатор за носење на конечната одлука.