Германските политичари во понеделникот различно реагираа на победата на десните политички сили на парламентарните избори во Италија, покажувајќи од воздржаност но и изразувајќи загриженост, а некои и одушевување.
„Италија е земја пријателски расположена кон Европа, а такви се и нејзините граѓани. И ние тргнуваме од тоа дека по тоа прашање нема ништо да се промени“, изјави портпаролот на германската влада Волфганг Буешнер.
Истовремено додаде дека прво треба да се причекаат официјалните избори, иако многу е веројатно дека десниот блок ќе освои сигурно мнозинство во италијанскиот парламент за да формира влада.
Опозициската десничкарска противдоселечничка партија Алтернатива за Германија (AfD) со одушевување ја дочека веста за победата на десните партии во Италија.
„… Ѝ честита на Џорџа Мелони на победата и се надева дека како прва премиерка ќе застане на челото на една италијанска влада“, се наведува во писмената изјава на претседателскиот тандем на AfD, Алис Вајдел и Тино Хрупала.
Во соопштението се додава дека „по Шведска и Италија се реши за промени“.
Надворешнополитичкиот портпарол на најголемата германска партија која е во опозиција Христијанско-демократска унија (CDU), Јирген Хард, изрази загриженост од победата на десните страни во Италија и укажа на „отворено профашистичките изјави“ на челничката на победничката партија Браќа на Италија (FdI), Џорџа Мелони и „морничавите политички позиции“ на нејзините гласачи.
„За расизмот и изолацијата на малцинствата нема место во Европа“, рече Хард.
Укажа дека „Германија и Брисел новата италијанска влада ќе ја вреднуваат кога станува збор за соработката на иднината на Европа, одржувањето на санкциите кон Русија и напредокот во обновата на италијанската економија“.
„На Европа ѝ е потребна стабилна и Италија во којашто може да се има доверба, којашто работи на иднината и не живее во минатото“, изјави портпаролот на CDU.
Омид Нурипур, еден од челниците на помалиот партнер во владината коалиција Зелените, ги опиша резултатите од изборите во Италија како „загрижувачки“.
„Многу е добро познато дека меѓу луѓето во десниот националистички сојуз постојат блиски врски со Кремљ. Не може да се исклучи можноста дека луѓето во Москва, исто така, синоќаа отвораа шишиња“, изјави Нурипур за приватната телeвизија RTL/N-TV.