Германија планира да забрани бдеење на противниците на абортусот

Поради најавената акција на противниците на абортусот пред институциите каде што се вршат таквите зафати, германската министерка за семејство Елизабет Лиза Паус сака по законски пат да овозможи слободен пристап до советувалиштата за жените кои планираат да ја прекинат бременоста.

„На жените мора да им биде овозможен непречен пристап до советувалиштата и клиниките кои ги изведуваат абортусите“ изјави во четвртокот за медиумската куќа RND министерката Паус која доаѓа од партијата Зелени.

Најави и законски мерки коишто би обезбедиле слободен пристап пред споменатите установи.

„Бдеењето пред овие установи ги минува гранците станува збор за неприфатливи напади врз многу личните одлуки на жените. На тоа германската влада ќе му се спротистави со законски мерки“, рече Паус.

Министерката за семејство појасни дека нејзиното министерство за соработка со другите ресори веќе работи на нацрт-закон во врска со оваа тема.

Претходно и политичарката од најголемата владејачка Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Катја Маст побара итни законски промени кои би ги оневозможиле акциите за протест и бдеење пред советувалиштата и клиниките за абортус.

„Државата на жените им наложува пред абортусот да се советуваат. Значи државата мора да гарантира тие жени без проблеми и стигматизирае да може да дојдат до тие советувалиште“, рече Маст.

Социјалдемократката тврдеше дека на противниците на абортусот им било само до тоа да се изврши притисок врз жените.

Противниците на абортусот под мотото „40 days for life“ најавија акции пред семејните соватувалишта кои би требало да траат до почетокот на април. Во Германија такви акции се најавени во неколку големи градови како Минхен, Франкфурт, Штутгарт и Фортцхајм.

Германските медиуми пред неколку години известуваа дека во таквите кации пред советувалиштата главно се организираат доселеници со потекло од Хрватска.

Според германските мејнстрим медиуми, Протестантската и Католичката црква во Германија наводно се дистанцираат од движењето „40 days for life“, но засега нема официјални изјави од таму.