Германија: Подигнати обвиненија за 27 припадници на „Граѓани на Рајхот“

Една година по рацијата против припадниците на движењето Reichsbürger – „Граѓани на Рахјот“, Сојузното државно обвинителство во Карслруе во вторникот подигна обвинение против вкупно 27 лица кои се сомничат за подготовка на државен удар и уривање на уставниот поредок на Сојузна Република Германија.

Меѓу обвинетите се наоѓа и еден поранешен офицер на германската армија Бундесверот кој бил задолжен за „воените сили“ на идниот „Рајх“, како и судијката Биргит Малсак-Викелман, која до моментот на приведувањето ја извршувала функцијата на парламентарна пратеничка на десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Обвинетите се товарат за припадност на терористичка организација, како и подготовки за насилно соборување на демократскиот општествен поредок“, стои меѓу другото во обвинението против групата предводена од самопрогласениот поглавар на идниот Рајх, Хајнрих XII принцот Ројс.

Десет обвиненија се проследени на покраинскиот суд во Франкфурт на Мајн, поднел до судот во Штутгарт и осум обвиненија до судот во Минхен. Споменатите покраински судови би требало во следните неколку месеци би требало да донсат одлука за покренување на судските процеси.

Групата е разоткриена при една рација на 7-ми декември 2022 година којашто следеше поради „напреднатиот процес на вооружување“. Групата, според обвинението, планирала по наводното евентуално насилно соборување на власта да воспостави сопствена државна структура.

Таканаречената организација Граѓани на Рајхот не ја признава СР Германија во денешната форма и општествено уредување и се повикува на границите на Германија кои досегаат далеку пред Втората светска војна во 1871 година. Групата верува дека Германската империја продолжува да постои, со земјата и териториите што ги држеше пред Втората светска војна.

Тие сметаат и дека Германија не е држава, туку всушност концерн во сопственост на САД. Идниот поглавар Принцот Ројс, според нив, би требало со западните сојузнички сили да преговара за нов поредок во Германија.

Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“. Досега главно доаѓаа во судир со властите поради непризнавање на документите на СР Германија, како и негирање на институциите, како што е на пример даночната управа.