Германското стопанство ќе ги чувствува последиците од пандемијата на коронавирусот најмалку до 2025 годона, објави во понеделникот Институтот за истражување на вработеноста (IAB).
Стапката на економскиот раст во следните пет години поради коронакризата ќе биде намалена за 0,6 процентни поени, изјави коавторот на извештајот на IAB, Енцо Вебер.
Пазарот на трудот, пак, се соочува со долгорочен пад на бројот на вработените, за околу нето 200.000 до 2025 година, додава Вебер.
Долгорочните последици од пандеијата најмногу ќе ги погодат секторите на малопродажбата, деловните услуги, угостителството, транспортот и воздухопловството, предупредија од IAB. Позитивните ефекти, пак, се очекуваат во секторите на информатичките технологии (ИТ), јавните услуги и фармацијата.
Се предвидува дека, поврзано со пандемијата, вкупно ќе бидат згаснати 500.000 работни места, а 300.000 би требало да бидат создадени.
Пандемијата предизвика криза која ја поттикна драматични промени, додава Вебер, апелирајќи фокусот да се насочи на обуката и креирањето нови работи за да се надвладее кризата.
Очекувања на пролетта
Одвоено, најновото истражување на Институтот за економски истражувања Ifo покажало дека оптимизмот во клучната германска автоиндустрија во поглед на следните месеци значително зајакнала во февраури, по тмурниот зимски период.
Индексот на очекувањата на диркеторите кој го формира Ifo за следните месеци скокнал за 15,1 поен, на 37 поени, објави институтот во понеделникот.
Уште посилно пораснал индексот на очекувањето на производстввото, на 35,3 поени откако во јануари имаше пад од 0,5 поени.
„Моментално произведувачите на автомобилите уште се заглавени во зимата, но се радуваат на пролетта. Автоиндустријата сега е расположена од очекувањата поврзани со странските пазари“, изјави шефот на истражувањето на Ifo, Клаус Вохлрабе.
Произведувачите на автомобили предвидуваат раст на извозот, и покрај пандемијата. Предупредуваат, меѓутоа, дека за реализацијата на дејностите ќе бида потребни помалку работи, па може да се очекуваат откази.
Нивните оцени на актуелната ситуација сѐ уште се главно негативно, па соодветниот индекс на Ifo во февруари се задржал во негативната област, на минус 2,3 поени. Во јануари, пак, изнесуваше минус 7,7 поени.