Германија на Украина ќе ѝ испорача седум оклопни хаубици од типот „Panzerhaubitzen 2000“, изјави во петокот германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во текот на посетата на Словачка.
„Германсата влада со испораката на седум оклопни хаубици од типот ‘Panzerhaubitzen 2000’ сака да ја зајакне бодбената готовност на украинските единици“, изјави Ламбрехт на почетокот од посетата на германските војници кои од почетокот на војната во Украина се префрлени со противракетниот систем „Patriot“ во Словачка.
Ламбрехт објасни дека споменатите хаубици штотуки излегуваат од процесот на ремонт и моментано не се во активниот состав на германските сили Бундесверот. Така, со нивната испорка нема да биде ослабена способноста на германската армија, тврди министерката.
Така министерката одговоери на тврдењата дека германската влада донела одлука на Украина да испорчаа веднаш седум самоодни хаубици од типот „Panzerhaubitze 2000“ од резервите на германската армија Бундесверот, како што објави во понеделникот весникот Die Welt повикувајќи се на сопствени извори. Неименуваните извори на весникот истакнале и дека одлуката на владата во Берлин била донесена „и покрај советот“ на војската, која предупредила дека само 40 од 119-те такви хаубици од составот на Бундесверот се во боева готовност.
Покрај обуката на оклопните хаубици, Ламбрехт најави и обука на украинските војници за користење на ова вооружување. Обуката би требало да започна веќе следната седмица во базаа Идар-Оберштејн, а во обуката ќе учестуваат и припадниците на холандската војска чијашто влада објави дека на Киев ќе му испорача уште пет хаубици од истиот тип.
Обуката е спротивна на заклучоците на Научниот одбор на Бундестагот во извештајот од март годинава кој ја предупредил владата дека обуката на украински војници за ракувањето со западните вооружувања и тоа на територијата на Германија според меѓународното право може да се третира како учество во самата војна.
Оклопните хаубици „Panzerhaubitze 2000“, коишто ги произведува германскиот произведувач на оклопни возила „Krauss-Maffei Wegmann“ (KMW), според процените на стручњаците спаѓаат меѓу најмодерните артилериски вооружувања. Имаат дострел до 40 километри.
Германскиот Бундестаг пред неколку седмици по жолчните расправии одобри испорака на тешко вооружување на Украина.
Два дена по почетокот на руската офанзива во Украина, германската влада составена од социлајдемократите, зелените и либералите ја напушти доглогодишната практика на неиспорачување оружје во зони на конлфикти, и под притисок на САД и обвинувања од Киев за предавање само на одбранбена опрема, Берлин испорача проввоздушни проектили, базуки, машинки и муниција.
Минатата седмица, германската влада одобри извоз на 50 противвоздушни тенкови „Gepard“ што ќе биде првпат Германија директно да испорача тешко вооружување во област во која се одвива воен конфликт.
Германија долги години не извезува оружја во воени подрачка, што е политика којашто произлегува од нејзината крвата историја во XX век, а во врска со Украина и поради сојузништовото на нацистите во двете земји во Втората светска војна, а што потоа предизвика пацифизам. Така, државите кои на трети земји сакаат да им предадат оружје коешто го купиле од Германија, прво мора да добијат дозвола од Берлин.