Германија потврди национализација на увозникот на гас, Финците се повлекуваат

Германската влада потврди во средата дека ќе национализира увозникот на гасот „Uniper“ со откуп на уделот на финскиот државен електроенергетско претпријатие, најавувајќи и дека во презадолжената компанија ќе вложи уште осум милијарди евра.

Фонски „Fortum“ извести во март 2020 година дека во „Uniper“ вложил 6,5 милијарди евра, што му обезбеди 69,6 отсто од сопственичкиот удел. Подоцна го зголеми уделот на 80 отсто.

„Fortum“ со години уплатува значителни дивиденди во финскиот државен буџет, но во второто годинешново тримесечје забележа загуба од 9,1 милијарди евра поради загубата на „Uniper“ загуби на пазарот на гасот.

Според договорот од средата, „Fortum“ ќе ги преземе загубите на „Uniper“ за третото тримесечје, што би било негова обврска според договорот од јули, и со тоа ќе задржи пет милијарди евра за своите потреби.

Германија, пак, по завршувањето на докапатилазација и купување и купување на акциите на „Fortum“, ќе биде сопственик на 99 отсто од „Uniper“, соопшти министерството за економија. Договорот не вклучува право на преднарачки на евентуално нови акции кои „Uniper“ би можел да ги издаде.

„Државата, како што штотуку покажуваме, ќе стори сѐ компаниите секогаш да бидат стабилни на пазарот. Во Uniper вложуваме осум милијарди евра капитал и всушност го откупуваме уделот на Fortum“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Финската влада, која е сопственик на 50,76 отсто удел во „Fortum“ објави дека мора да се помири со договорот. Од „Fortum“, пак, соопштија дека ќе им биде вратен кредитот од четири милијарди евра кој му ги одобрил на „Uniper“ и дека ќе биде поништена нивната гаранција во истиот износ одобрен во јануари,