Германија повторно трага по терористи на RAF

Германските власти ја интензивираа потрагата по тројца терористи на Фракцијата црвени бригади (Rote Armee Fraktion – RAF), кои никогаш не биле уапсени, а во саботата поради потрагата по еден од терористите беше блокиран железничкиот сообраќај во Вупертал на западот на Германија.

„Не е потврдено сомнежот дека избеганиот терорист Ернст Фолкер Вилхелм Штауб Стауб бил на станицата во Вупертал“, соопштија од полицијата во овој град.

Германските власти последниве денови ја интензивираа потрагата по преостанатите тројца терористи на RAF, Штауб, Даниел Клет и Буркхард Гарвег, а преку популарната ТВ емисија на јавниот сервис ZDF побараа помош од граѓаните, по што биле добиени стотици пријави за можното место на живеење на триото кое германските медиуми поради поодминатите години го нарекоа „пензионерите на RAF“.

На Штауб, Клет и Гарвег им се припишуваат неколку вооружени грабежи на транспортери на пари и супермаркети кои се случија откако RAF објави распуштање и прекинување на активносите во 1998 година. Клет е осомничен и за учество во нападот врз зградата на поранешната амбасада на САД во 1991 година во Бон.

Терористичката тројка припаѓа на таканарелната „третата генерација на RAF“, која се смета за одговорна за неколку убиства, вклучувајќи го и директорот на „Deutsche Bank“, Алфред Хераузен.

Организацијата RAF произлезе од левичарските студентски движења од доцните шеесетти години, а меѓу најпознатите членови се Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф. RAF е обвинета за бројни напади врз американските институции и симболи на капиталистичкиот систем во Германија, во кои загинаа најмалку 30 лица, а тесно соработуваа и со други терористички организации како што е палестинската Палестинска ослободителна организација (PLO) во милитнатниот период на движењето.

Периодот на активност на RAF и особено ткн Германската есен 1977 година, кога беа извршени голем број напади, се смета за еден од најдраматичните делови од германската повоена историја. Истовремено во Италија дејствуваа и ткн Црвени бригади (Brigate Rosse), исто така, обвинети за низа терористички напади со ултрарадикална левичарска заднина, но современата историографија открива контроврзни податоци за појавувањето на ваквите групации во Европа во дадениот период.

Последниве години, потрагата по бегалците поранешни припадниците на германски RAF се интензивираше, меѓу другото, и поради напредокот во форензиката, што овозможи подобро поврзување на ДНК примероци од бројни места на злосторство со конкретни лица.